Британските конзервативци „удриле“ по Тереза Меј: Нејзиниот договор за Брегзит е мртов, како и нејзиниот мандат

Функционерите на Конзервативната партија на биртанската премиерка, Тереза Меј, нема да гласаат за нејзиниот договор за излез на Велика Британија од Европската унија, кога ќе биде предложен во парламентот следниот месец.

Како што наведува Ројтерс, Меј после 3-ти јуни ќе го претстави Предлог законот за излез (од ЕУ), каде ќе бидат наведени условите за истото.

Во истиот период, американскиот претседател, Доналд Трамп ќе дојде во официјална посета на Британија, на повик на британската кралица Елизабета, наведува Ројтерс.

Конзервативците кои го поддржуваат Брегзит, велат дека договорот на премиерката за излегување од ЕУ е „мртов“, како и нејзиниот премиерски мандат.

„Разговарав со некои од моите колеги, некои од нив минатиот пат гласаа за договорот, но тие сметаат дека (договорот) е мртов и овој пат ќе гласаат против него. Знам дека нема да гласаат за тоа. Апсурдно е повторно да го предложуваме истото. Тоа е истата работа одново, одново, одново…“, рекол конзервативниот заменик и истакнат поддржувач на Брегзит, Питер Бон.

Како што наведува Ројтерс, поразот од договорот во јуни веројатно ќе значи конечен крај за премиерскиот мандат за Тереза Меј.

Поддржувачите на Брегзит стравуваат дека нејзиниот договор би ја задржал Британија во „орбитата“ на ЕУ неколку години, и ќе ја „поттурне“ Северна Ирска кон европскиот блок.

Договорот на биранската премиерка веќе трипати доживеал пораз пред британскиот парламент.

Британија првично требало да излезе од ЕУ на 29-ти март, но поради одбивање на договорот кој премиерката го предложила, тој засега е одложен до 31-ви октомври.

Please follow and like us:

You May Also Like