Брегзит: Најголемата можна катастрофа

Тереза Мај го заслужи поразот во парламентот и самата е виновна за тоа. Брегзит, во меѓувреме, разви огромна деструктивна моќ. Без оглед на тоа како ќе заврши британската драма, штетите остануваат, смета Барбара Везел.

Тереза Меј убедливо загуби на гласањето во британскиот парламент за излезниот договор со ЕУ. По овој историски пораз, британската премиерка всушност мораше да поднесе оставка, но Меј таа можност веднаш ја отфрли: таа ја преземала функцијата за  да го спроведе Брегзит и ќе ја исполни задачата, баста! И, уште порача, дека ќе го преживее и гласањето на недоверба од страна на опозицијата. Бидејќи нејзините сопствени редови повторно се збиваат, веднаш штом ќе стане збор за зачувување на власта на конзервативците. За британската политика, упорноста на Меј, која одамна се граничи со тврдоглавост, меѓутоа е фатална.

Заслужен пораз

Меј го зааслужи овој пораз во парламентот, бидејќи самата е виновна за тоа. Фактот дека нејзината влада, парламентот и целата британска политика се толку многу поделени поради Брегзит, исто така се должи и на нејзината специфична политичка неспособност. Шефицата на владата од самиот почеток пред очи ги имаше само нејзините конзервативци, им се обраќаше на тврдокорните во сопствените редови, обидувајќи се да ја одржи партијата обединета по секоја цена. Таа не успеа да изгради сојузи, да допре до опозицијата и да направи компромиси.

Please follow and like us:

You May Also Like