Бојан Јовановски утре ќе дава одбрана за случајот “Рекет“

Боки 13 утре ќе ја даде својата одбрана за „Рекет“. По 15 дена разгледување на доказите, Јовановски е подготвен да ја каже својата вистина.

Во измимнатите две недели тој ги анализираше видео и аудио снимките, исказите на сведоците и вештачењата на мобилните телефони. Со овие докази обвинителството го сомничи Боки 13 за кривичните дела „примање награда“ и „перење пари“.

Во меѓувреме почнува да тече рокот од еден месец во кој обвинителството треба да покрене обвинение за „Рекет“.

„По завршување на истрагата, јавниот обвинител е должен во рок од 15 дена да поднесе обвинение или истражната постапка да ја запре. За кривични дела од областа на организираниот криминал овој рок може да трае до 30 дена“, се вели во законот за кривична постапка.

Исказ пред Русковска треба да има и екс шефицата на СЈО. Адвокатскиот тим на Катица Јанева вели дека утре заеднички ќе одлучат дали поранешната специјална обвинителка ќе ја даде својата одбрана. Јанева е третоосомничена во „Рекет“ – обвинителството ја гони за злоупотреба на службената положба за што пред месец и пол и одреди притвор. Апелациониот суд неделава треба да одлучува по нејзината жалба со која бара укинување на притворот а како гаранција дека нема да побегне, нуди три станови.

Please follow and like us:

You May Also Like