Бојан Јовановски – Боки 13 пренесен во болница

Управата на затворот „Скопје“ во скопската населба Шуто оризари соопшти дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој е во притвор за случајот на ОЈО познат како „Рекет“, денеска е пренесен на скопските клиники на испитувања кои биле потребни по претходно закажан оперативен зафат.

Јовановски, заедно со Зоран Милески – Кичеец, се во притвор и се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание. Јовановски е осомничен и за кривичното дело перење пари.

Please follow and like us:

You May Also Like