Борисов до Пендаровски откако го нарече северномакедонски: „Седи тука при нас“ ВИДЕО

На социјаните мрежи се споделува видео на кое бугарскиот премиер Бојко Борисов на маргините на Самитот во Сараево го покани македонскиот претседател Стево Пендаровски да остане во друштво со него и со српската премиерка, Ана Брнабиќ.

– Седи си тука при нас – му вели Борисов на Пендровски.

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека ќе реагираат до премиерот Борисов, кој во Сараево го нарече Стево Пендаровски „северномакедонски политичар“ и „северномакедонски претседател“.

Според Заев, се работи за грешка која е спротивна на Преспанскиот договор.

Please follow and like us:

You May Also Like