Боки 13 не даде исказ пред Русковска, одбраната најпрвин ќе ги разгледува доказите

Бојан Јовановски, кој денеска беше однесен во обвинителството, не дал исказ пред обвинителката Вилма Русковска. Како што изјави неговиот адвокат, Сашо Дуковски, одбраната претходно сака да им бидат презентирани доказите против осомничениот.

„Во овие 15 дена ќе треба да ги разгледаме доказите, па ќе дадеме исказ. Не гледаме на кристална кугла за да знаеме какви докази има. Од среда во 12 часот па наредните денови ќе вршиме увид па ќе дадеме исказ”, изјави адвокатот Дуковски.

Please follow and like us:

You May Also Like