ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Боинг без ниту една нарачка во јануари и загуба од 18 милијарди долари

Европскиот „Ербас” во јануари доби нарачки за 274 комерцијални авиони.

Американскиот производител на авиони „Боинг” соопшти дека не примил ниту една нова нарачка во јануари, сигнализирајќи ги деловните проблеми во очекување на решавање на кризата со 737 MAX.

Европскиот „Ербас” во јануари доби нарачки за 274 комерцијални авиони.

„Боинг” испорача само 13 авиони на своите клиенти во првиот месец, вклучително и шест од типот 787 „Дримлајнери”.

Компанијата минатата година првпат по повеќе децении имаше повеќе откажани нарачки и барања за преправки на авионите отколку нарачки за нови авиони. Клиентите избегнуваат да нарачуваат нови авиони сè додека 737 MAX не добие дозвола од регулаторот за враќање во промет.

Авионите од овој тип беа приземјени во март минатата година по две тешки несреќи во кои настрадаа вкупно 346 луѓе.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.