ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бил Гејтс го обвини Трамп дека лаже: „Игнорирањето на пандемијата не е политичко прашање“ (ВИДЕО)

Бил Гејтс смета дека САД значително заостануваат во својот одговор на пандемијата на коронавирусот. Милијардерот кажа дека САД „не се ни блиску“ во преземањето доволно активности за борбата против новиот вирус.

„Соединетите Американски Држави минаа низ тежок период. Не сме строги во применувањето на мерките, а почитувањето на носењето маски во САД е далеку помало особено во споредба со земјите во Азија“, кажа Гејтс за Си-ен-ен.

САД пријавија повеќе од 2,3 милиони инфекции со ковид-19 и повеќе од 122.000 смртни случаи.

Во средата, на 26 јуни, беа потврдени повеќе од 36.000 нови случаи, а 36.426 случаи беа забележани на 24 април, што е најголемиот број случаи во еден ден во САД.

„Глобалната слика и сликата во САД се помрачни отколку што би очекувал“, кажа Гејтс.

Тој ги отфрли тврдењата на претседателот на САД Доналд Трамп дека случаите се зголемуваат бидејќи Америка тестира повеќе луѓе и ги нарече „целосно лажни“. Епидемиолозите исто така кажаа дека зголемените тестирања не се причина за скокот на новозаразените.

„Би можело да биде многу полошо доколку вирусот не беше, како што велат, сезонски, и сега знаеме дека имаме корист од летото. Инфекциите ќе се влошат на есен, така што има сѐ повеќе причини да не се опуштаме“, наведе Гејтс.

Хуманитарецот кажа и дека „спектарот на однесување“ како одговор на кризата е огромен, бидејќи некои луѓе се внимателни, а други „всушност ја игнорираат“ пандемијата.

„Некои како да мислат дека тоа е поличко прашање што е многу лош начин на размислување“, заклучи Гејтс.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.