Бејли: До следен пат – се гледаме

Тој беше потврден за амбасадор во Скопје во декември 2014-та година

Амбасадорот на САД во Северна Македонија Џес Бејли, кој заминува од државата, денес се поздрави со порака на Твитер.

„Благодарам Северна Македонија за гостопримливоста, пријателството и љубезноста. До следен пат – се гледаме“, напиша Бејли.

Тој беше потврден во Сенатот за амбасадор во Скопје во декември 2014-та година.

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп има намера да ја номинира Кејт Брнс за нов американски амбасадор во државата.

Брнс е дипломатка од кариера, која од септември 2017-та година беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина.

Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

Пред да биде официјално назначена за амбасадорка во Скопје, именувањето на Брнс треба да биде одобрено во Сенатот.

Таа има работено во американската амбасада во Мадрид, Шпанија, како и во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел.

Брнс зборува шпански, унгарски и турски јазик.

Please follow and like us:

You May Also Like