Берлускони со амбулантно возило однесен во болница

Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони утринава бил однесен во болница поради проблем со бубрезите.

„Кориере дела Сера“ информира дека Берлускони утринава околу девет часот бил однесен во болницата Сан Рафаеле во Милано со амбулантно возило.

Сан Рафаеле е болницата каде 82-годишниот Берлускони имаше операција на срцето во јуни 2016 година.

Весникот објаснува дека неодамна тој имал рутински здравствени прегледи кои не покажале некакви проблеми.

Како и да е, неговите луѓе велат дека се е во ред со Берлускони, тој уште денеска ќе ја напушти болницата и поладнето ќе се појави на политички настан.

Please follow and like us:

You May Also Like