Бензинот пола денар горе, дизелот еден денар долу

Веќе не е никаква вест дека горивата час поскапуваат, час поевтинуваат, но ниту пак ни кога бензинот поевтинува, а дизелот поскапува, или обратно, како што е случај сега. Навикнавме, според една или друга методологија на регулаторната комисија за енергетика, тоа да ни се случува. Таа и сега ни го приреди тоа, кога со нивната најнова одлука донесена на седницата одржана денеска ни ги намали (внимавајте: намали!) малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66% во однос на малопродажните цени утврдени согласно претходната нивна одлука. На пумпа тоа пак значи дека од ноќеска среде ноќ за литар еуросупер БС-95 и БС-98 ќе плаќаме по 0,50 денари повеќе, односно по 68,50 и 70,50 денари, а за литар дизел по 1 денар помалку, односно по 61 денар. До ваквата одлука тие имаат дојдено после анализите на движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои во споредба со изминатиот седумдневен период забележаа зголемување кај бензинот за 1,14% и намалување кај дизелот за 1,83%, а влијание имаше и поевтинувањето на доларот за 0,41%. Како и да е, имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според методологијата, малопродажните цени на горивата кај нас се менуваат така како што се менуваат.

Please follow and like us:

You May Also Like