ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Без конкретен одговор за викенд-карантинот, владата ќе одлучува на седница во 17 часот

Претседателот на владата Оливер Спасовски денеска не најави дали владата ќе ја прифати препораката на комисијата за заразни болести за да прогласи полициски час за цел викенд во траење од 58 часа.

-Нема додворување на граѓаните за политички поени. Ние секогаш сме постапувале и сме ги подржувале препораките на стручната фела. Попладне во 17 часот има седница на која ќе се расправа за одлука, рече премиерот Спасовски.

-Прилично сме унисони (единствени) во владата за да носиме одлука по основа на науката, а не на политиката, дополни Спасовски.

Викендот е големиот исламски празник Рамазан Бајрам, кога се предвидени празнични моитви додека во понеделник е празничен ден откако во недела е и Свети Кирил и Методи.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.