Без дискусија изгласани измените на Кривичниот законик

Без ниту една дискусија, владејачкото мнозинство попладнево ги протурка пониските затворски казни за тендерски измами. Во салата не беа ниту предлагачите Артан Груби, Снежана Ванчева и Соња Мираковска, па пред гласањето службите мораа да ги повикуваат од ходниците.

На крај, 63-ца гласаа „за“,а еден беше воздржан. ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата. Се менува членот 275-в во Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно-приватно партнерство, а кој, пак, е поврзан со кривичните дела за кои се товарат Сеад Кочан и Василије Авировиќ.

Се шпекулира дека ова е услов од пратеничката Владанка Авировиќ, која му е мајка на едниот од обвинетите и на Зекир Рамчиловиќ, блисок до Кочан, за да гласаат за уставните измени. Казните се намалуваат на три и четири години затвор, а се дава можност и за условна казна. Јавноста жестоко реагираше на оваа постапка, а 16 невладини организации најавија и протест доколку се изгласаат измените.

Во измените на Кривичниот законик не е вметнат членот 353 кој се однесува на злоупотреба на службената положба, а кој претходно пратениците од владејачкото мнозинство сe обидоа да го протнат. Но, е оставена можност тоа сепак да се направи, но во поинаква форма. Овој член е поврзан со најголемиот број на случаи од СЈО, и доколку биде изменет ќе донесе слобода и пониски казни за екс министрите Канческа Милевска,Јанкуловска, Јанакиески,Димовски, како и за Мијалков.

Please follow and like us:

You May Also Like