Безбеден ли е „боинг 737 макс-8“, пред четири месеци ист таков однесе во смрт 190 лица

Авио компанијата „Етиопиен ерлајнс“ соопшти дека на местото на падот на авионот „боинг 737 макс-8“, кој вчера се урна по полетувањето за Кенија, се пронајдени двете црни кутии.

Во деновите што следат ќе биде извршена нивна експертиза, по што ќе се состави и прелиминарниот извештај за причините за несреќата во која загинаа 149 патници и осум членови на екипажот.

Во меѓувреме, сите авиони од типот „боинг 737 макс-8“, сопственост на етиопската компанија се приземјени. Сличен инцидент кој однесе 190 животи се случи пред четири месеци, кога ист тип на авион, сопственост на индонезиската компанија, „Лајон ер“, се урна во Јаванското море. Тогаш податоците од црната кутија покажаа дека сензорите на авионот покажувале неточни отчитувања на брзината и височината.

You May Also Like