ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бајден повика на зголемено тестирање, Сандерс бара промена на здравствениот систем

Двајцата демократски претседателски кандидати, вчера имаа дебата, на која главно зборуваа за кризата со коронавирусот ВАШИНГТОН — 

Демократските претседателски кандидати Џо Бајден и Берни Сандерс, понудија план како САД да се справат со ширењето на коронавирусот, за време на вчерашната претседателска дебата.

Двајцата кандидати, кои стоеја на речиси два метра еден од друг, се критикуваа меѓусебе и за нивните поранешни постапки.

Сандерс повика на промена на здравствениот систем во САД кој, според него, покажал сериозни слабости по ширењето на вирусот.

„Имаме илјадници приватни здравстевни планови. Тоа не е систем кој е подготвен да понуди здравствена заштита за сите луѓе“, рече Сандерс.

Бајден, пак, повика да се зголеми бројот на тестови, откако многу официјални лица се пожалија на нивен недостиг.

„Прво, ајде да направиме колку што може повеќе тестови за кратко време. Второ, јас би осигурал секоја сојузна држава да има најмалку десет места каде граѓаните ќе можат да поминат само со возило и да се тестираат”, предложи Бајден.

Двајцата кандидати повикаа на поголемо американско лидерство во случајот со Кина, која најави прогрес во борбата против коронавирусот.

Бајден, исто така, се заложи дека би назначил жена за потпретседателка на САД, доколку тој биде избран за претседател во ноември, а таква веројатност најави и сенаторот Сандерс.

Утре се очекува да се гласа во сојузните држави Аризона, Флорида, Илиноис и во Охајо, и покрај кризата со вирусот.

Претседателот на САД Доналд Трамп прогласи вонредна здравстевна состојба во петокот. Истовремено, демократите и републиканците се договорија да обезбедат повеќе пари за тестирање и третман.

Здравствените работници предупредија јавните собири да се ограничат на 50 луѓе, многу бизниси се затворија, а големите забавни настани низ целата држава се откажани.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.