Ахмети: За доброто на државата е да имаме консензуален кандидат

ДУИ остава отворена врата за одлука за консензуален кандидат изјави денеска партискиот лидер Али Ахмети. Не верува дека ќе има и предвремени парламентарени избори заедно со претседателските.

„За доброто на државата е да имаме заеднички кандидат и да се разговара со сите политички субјекти со цел да се постигне консензус.Останува отворено прашање и ќе одлучи раководството на ДУИ.

Јас не верувам дека ќе има предвремени парламентарни избори бидејќи треба Македонија има поважна агенда особено сега по затворање на важни прашања како преспански, охридски и договор со Бугарија.

Разочаран сум од албанскиот опозициски блок бидејќи не сакаат да соработуваат во однос на престедателски кандидат“ вели Ахмети.

Please follow and like us:

You May Also Like