ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Атина нема да прифати никаква уцена од Турција, предупреди Грција

Грчкото министерство за надворешни работи рече дека одлуката на Турција да испрати брод за пронаоѓање нафта во Средоземното Море е сериозна ескалација на ситуацијата, објави „Франс прес“ ВАШИНГТОН — 

Барање нафта и гас во Средоземното Море е чест извор на тензија меѓу Турција и соседите, меѓу кои Грција, Кипар и Израел, објави агенцијата „Франс прес“.

Грција денес изјави дека Турција претставува закана за мирот во источниот Медитеран, и свика воен состанок, откако Анкара продолжи со пронаоѓањето нафта и гас во близина на грчки остров.

Грчкото министерство за надворешни работи рече дека одлуката на Турција да испрати брод е сериозна ескалација, истакнувајќи ја дестабилизирачката улога на Турција.

Грчкото министерство рече дека Атина нема да прифати никаква уцена, и оти ќе ги брани нејзините суверенитет и права.

Кабинетот на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, соопшти дека Мицотакис разговарал со претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел, како и дека ќе разговара со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Министер во Владата на Грција рече дека морнарицата го набљудува турскиот брод.

„Ние сме во целосна политичка и оперативна подготвеност“, изјавил тој за медиумите.

Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез, на Твитер напиша дека истражувачкиот брод достигнал дестинација каде ќе биде отпочната работа, во близина на островот Кастелоризо.

Турција соопшти дека акциите ќе бидат изведени меѓу 10 и 23 август.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.