Антикорупциската комисија ќе го следи случајот со бонусите во СЈО

Антикорупциската комисија го чека исходот од истрагата на Јавното обвинителство за бонусите во СЈО и во зависност од тоа ќе одлучат дали ќе формираат предмет.

Сите надлежни институции се ставаат на располагање за утврдување како и на кој начин биле исплаќани дополнителните додатоци на Катица Јанева и нејзиниот тим. Насоки чека и Управата за јавни приходи.

Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски ги повикува обвинителите да го следат примерот на поранешните состави на ДИК и На Антикорупциска и да понесат одговорност.

Премиерот Заев апелира да не се даваат разни квалификации за обвинителите се додека не се произјасни Јавното обвинителство.

Неговите информации говорат дека СЈО не ги потрошило доделените 228 милиони денари од буџетот.

ВМРО ДПМНЕ бара веднаш да се закаже собраниската седница на која на дневен ред е ставен нивниот предлог за формирање Анкетна комисија за работењето на СЈО.Бараат подршка од сите парламентарни партии.

Невладиниот сектор најави дека ќе покрене иницијатива за враќање на бонусите а дел од нив побараа обвинителите да си поднесат оставки од морални причини. Катица Јанева по основ на додатоци за време на својот мандат зела 157000 евра, а другите обвинители од 70 000 до 100 000 евра.

Please follow and like us:

You May Also Like