Амди Бајрам: Северна Република Македонија беше моја визија уште од 1996 година!

Амди Бајрам на традиционалниот Ромски бал, што се одржа во петокот, го честиташе ново име Република Северна Македонија. Тој се пофали дека новото име на државата била негова визија уште од 1996 година, алудирајќи на иницијалите на партијата со новото име, иако ги кажува со неправилен редослед.

– Северна Република Македонија. СРМ партијата, значи Сојуз на Роми на Македонија, Северна Република Македонија, од 1996 година ова е визија моја, рече Бајрам, по што го прогласи балот за отворен.

Please follow and like us:

You May Also Like