ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Алијанса на Албанците и Алтернатива ја отфрлија,, албанската“ платформа од ДУИ

Албанските партии не ја прифаќаат платформата која им ја нуди ДУИ за изборните трки.

Петте столба во кои меѓудругото стои дека тој што ќе победи да води преговори за формирање на влада а вториот да не се меша, според парламентарните партии не е достојна за коментар.

Од партијата на Зијадин Села одговорија со обвинувања до ДУИ за последниот изборен процес и порачаа дека оваа партија немала кредибилитет за условувања.

Позитивни сигнали до ДУИ нема ниту од Алтернатива. Оттаму за Канал5 велат дека е несериозно да се коментираат изјавите кои доаѓаат од ДУИ. БЕСА на Биљал Касами засега воздржана, како што велат, се додека не добијат официјална понуда.

Ваквата понудена платформа, професорот Дујовски ја оценува како националистичка. Според него ДУИ се обраќа само на албанците, иако претходно уверуваа дека за борат за концептот “едно општество за сите” во кој би требало граѓаните од сите етикуми да се рамноправни во земјава.

Темата за т.н. Албанска платформа ја отвори високиот функционер од ДУИ Бујар Османи. Вели дека се предвидени пет столба:

1.На изборната трка меѓу Албанците да нема повеќе од две листи.

2.Партијата која ќе добие повеќе гласови да зборува во име на Албанците во другите општини.

3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, да дадат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборува во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор.

4.Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006).

5. Можност за соработка во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.