ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Албанија: Рекорден број новозаразени, се вработува дополнителен медицински кадар

Според Министерството за здравство и социјална заштита од направен 586 тестови во последното деноноќие, позитивен резултат е добиен кај 135 лица, што е највисока бројка до сега. И понатаму Тирана останува главното жариште на болеста, од каде се 113 од новозаразените.

Во исто време во списокот на оздравени внесени се 72 или вкупно 3.227 а починало едно лице или 189 до сега.

Со последно дијагностицираните, вкупната бројка на заразени изнесува 6.151,додека активни на болеста се 2.735 лица. Како што информираше Министерството околу 1.600 матични лекари на целата територија на земјата ја следат состојбата на заболените кои се со лесна форма на болеста.

И понатаму загрижува постојаното зголемување на лицата на кои им е неопходно болничко лекување. Во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи” позната како болница Ковид 2, се третираат 122 пациенти од кои 23 во тешка здравствена состојба.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.