Актуел Мицкоски и Силјановска синоќа во Ресен

Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија синоќа Гордана Силјановска-Давкова заедно со лидерот на ВМРО ДПМНЕ беа на предизборен митинг во Ресен.

„ Добровечер и ви благодарам што оваа вечер сте со нас, што оваа вечер одвоивте дел од вашето драгоцено време да не слушнете, да ве слушнеме за да можеме на 21-ви април громогласно да кажеме ДА за професорката Гордана Силјановска Давкова. На Македонија и треба хероина, на Македонија и треба честит човек,  на Македонија и треба човек со достоинство, човек што ќе биде заштитник и на Уставот и на законите, човек кој што искрено си ја сака државата и народот и граѓаните, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова.

Добри луѓе, и покрај сите притисоци ширум Македонија, и покрај сите закани и уцени, бидејќи тие се кукавици и знаат само да се закануваат и да уценуваат, тоа се кукавици кои што само заканата и уцената ја имаат во рака, не знаат во очи да се погледаме и со аргументи да разговараме. А тогаш кога ја имаме таа ретка можност очи во очи да се погледаме, брутално недостоинствено се понижуваат и себе си и сопствената земја и сопствениот народ.

Не така одамна се гледавме, јас и Зоран Заев очи во очи на една телевизиска дебата. И му велам господине премиер, вие премиер вие плата добивате од овие граѓани, надвор што не гледаат сега, што не слушаат, тие што сакаат се разбира, ајде дајте им одговор на кој јазик луѓето во Северна Грција говорат, а е различен од грчкиот. Не знам дали го слушнавте договорот, но јас ќе ви го прераскажам, вели тоа е внатрешен проблем на Грција, срам му е да каже дека станува збор за македонскиот јазик кој што го говорат Македонците додека пеат во Овчарани и додека се веселат на македонски ора и на македонски мелос. Е тоа човекот кој што денес ја води Македонија, се срами, рече меѓу другото Мицкоски.

Во своето обраќање пред присутните повторно се задржа на неинтонирањето на химната при денешниот пречек на грчкиот премиер Алексис Ципрас, нагласувајќи дека се чуствува со урнисано достоинство заради таквиот чин и оти тоа е навреда за македонскиот народ и македонската држава.

„Нашиот премиер наместо денеска да ја симболизира државата заборави на химната. Сраманиот чин говори за него, за Владата, за државата што тој мисли дека ја претставува, но ние ниту ја чувствуваме, ниту ќе ја прифатиме неговата држава. Нашата држава има 75 години стара химна. Ние простум стоиме кога се интонира. Ние државата си ја носиме не само во умот, туку и во срцата“, додаде кандидатот за претседтаел на опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Please follow and like us:

You May Also Like