ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

АктуелноСлајдер Ципрас: Грчките бизнисмени можат да играат клучна улога во економскиот раст на Северна Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави денеска дека грчките стопанственици би можеле да ја играат клучната улога во економскиот раст на Македонија, пренесува грчката агенција АНА-МПА.

-Грчкото стопанство има потенцијал да игра доминантна улога во економскиот раст на Северна Македонија, паралелно со позитивниот замаф кој го предизвика Договорот од Преспа – рече Ципрас на денешниот состанок со најистакнатите бизнисмени од северниот дел на Грција.

Тој ги повика бизнисмените да ги искористат можностите кои се отворени по потпишувањето на Договорот и додаде дека грчката влада ќе ги создаде потребните услови за тоа.

Состанокот се одржува во пресрет на посетата на Ципрас во Скопје, кој треба да пристигне на 2 април заедно со министри од грчката влада и бизнис делегација.

АНА-МПА објави дека во бизнис делегацијата што ќе го придружува грчкиот премиер ќе бидат вклучени над 70 големи и средни компании.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.