Автопатот кон Штип е готов, но не е готов

Револтирани возачи се јавуваат во ЦИВИЛ МЕДИА и известуваат дека автопатот Штип – Миладиновци е затворен. Тие сведочќат дека тешка градежна машина е поставена на самиот почеток од автопатот, веднаш по пунктот на кој се наплаќа патарината. Според нив, помпезно било најавено отворањето на автопатот, а не биле информирани за тоа дека нема да може да се вози по него.

Навистина, на 4 март, Министерството за транспорт и врски гордо најави дека автопатот ќе биде пуштен до крајот на неделата. Тоа е тој автопат со должина од 47 километри што ги чинеше македонските даночни обврзници 206 милиони евра, кредит од кинеската банка „Ексим“, а изведувач беше кинеската компанија „Синохидро“.

Значи, властите соопштија дека најскапиот автопат во регионот и пошироко е готов и ќе биде пуштен во употреба до крајот на неделата, со „великодушни“ најави дека патниците нема да плаќаат патарина оваа година.

Три дена по помпезните најави, во текот на вчерашниот ден, министерството на Сугарески пушти „пу-пу не важи“ соопштение. Очигледно, далеку од доволно е да се испрати второ соопштение во во текот на истата недела во кое се вели дека автопатот е готов, но не е готов. На веб страницата на Министерството за транспорт и врски нема никакви информации за овој скандал со мирис на неодаменшното минато.

Please follow and like us:

You May Also Like