Автопатот за Штип свечено пуштен во употреба, обезбедни пари и за делниците Кичево – Охрид и Скопје – Блаце

По две години одложување и пет години градба денеска официјално пуштен во употреба автопатот Миладиновци – Штип. Со новата делница значително ќе се скрати патувањето од главниот град до источниот дел од земјава.

Автопатот е со должина од 47 километри. На него работеле 850 работници, најголем дле од земјава и околу 50 тина работници од Кина.

Новиот автиопат ќе обезбеди побрз проток на стока со што ќе се намалата транспортните трошоци на компании. Значително ќе придонесе и за подобрување на локалниот економски развој.

Според надлежните ова е крупен капитален проект кој е важен за регионално поврзување со соседните земји.

Во слендиот период ќе се продолжи и модернизација и на другите патни правци со што значително ќе се зголеми безбедноста на патиштата низ земјава. На денешното свечено пуштање во уотреба амбасадорката на Кина информираше дека кинеската Ексим банка одобри евтин кредит, за да може да продолжи изградбата автопатот Кичево Охрид.

Вицепремиерот Анѓушев пак посочи дека веќе се обезбедени и средства за изградба на патниот правец Скопје Блаце.

Автопатото Миладиновци- Штип има четири ленти и две за застанување. 7 клучки. Проектираната брзина е 130 километри.

Please follow and like us:

You May Also Like