Автопатот затворен – Владата одлучи да гради две нови патарини до Штип и уште две до Гевгелија

Од Скопје до Штип граѓаните ќе плаќаат три патарини. На новиот автопат кој се очекува наскоро да биде пуштен во употреба, ќе се градат две нови наплатни станици.

Нови патарини ќе има и на автопатот до границата со Грција.

Владата иако веќе има одлучено колку ќе чинат, не ја отркива нивната цена. Се знае само дека освен новите давачки, промена ќе има и во цените на постоечките патарини.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата согласно која е донесена Одлука за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат, односно на патарината.

Оваа одлука се донесува заради воведување на наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе, и Свети Николе – Штип, како и заради можноста за електронска наплата на патарината со електронски безконтактни смарт картици, и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање, се вели во дописот од Влада.

Пуштањето на новиот автопат до Штип од август минатата година до сега беше одложено повеќе од 10 пати. Не познато останува до кога ќе бидат изградени и новите наплатни рампи. Сигурено е дека туристите кои ова лето ќе патуваат за Грција ќе имаат дополнителни трошоци за патарини. Едната од двете предвидени наплатни станици на новиот автопат Демир Капија- Смоквица ќе биде пуштена овој месец, а другата до крајот на годинава.

Please follow and like us:

You May Also Like