Автобусот на „Дурмо тур“с се движел со 99 км на час

Автобусот на Дурмо турс се движел со 99 км на час, наместо под 80 км колку што е дозовлено за автобусот тежок 15 тони. Поради недозволената брзина возачот изгубил контрола и почнал да кочи во моментот кога ја пробил оградата на средината од автопатот но со несиправни сопирачки не можел да го застане автобуот кој ја минал и втората ограда излетал од автопатот и паднал во нива во Ласкарци. Ова се главните причини поради кои се случи трагичната сообракајка страшен биланск од кој 15 мртви и 39 мина повредени патници, соопшти шефот на скопското основно обвинителство Рајчев.

Обвинителството нареди приведување на 7 мина меѓу кои возачот и сопствеикот на Дурмо Турс, неколкумина вработени во Дурмо Турс и станицата за технички преглед двете фирми во сопствнеост на ист газда првоосоничениот Дурмиш Бејули.

Но оваа несреќа е последица на низа други незаконитости за кои одговорните во двете компании замижувале, покажале вештачењата и документите кои ги собра обивнителството во предистрагата.

Белјули е првоосомничен и иако само тој поседувал сертификат врз основа на кој е издадена лиценцата за превоз, обвинителите утврдиле дека тој не го организирал превозот согласно прописите и му го му го препуштил раководењето на друг вработен кој не поседувал соодветен сертификат. (Раководителот е одговрен за инсталирање на уред во автобусот кој го манипулирал тахографот да не покажува точна брзина). Здравствените проблеми на возачот Манев Тригуновски а неговите не влијале врз несреката ниту во моментот зборувал на телефон покажале вештачењата.

Првите 6 мина осомничени за кои обивнителството бараз притвор одговраат за тешки дела против безбедноста на лугето и имотот во сообраќајот за кои е пропишана казна затвор од најмалку 4 години затвор. 7 осомниленоит се гони несовесно работење во службата затоа што без да го провери тахпграфот издал протврда дека е исправен за без проверки издал документ дека тахографот е исправен и за него обивнилството бараше мерки на претпазливост.

Рајчев вели дека предистрагата била обемна и интензивна, ја воделе двајца обивнители и освен бројните вештачења биле сослушани 47 сведоци. Сега во истрагата ќе се докомплетираат документите и доказите и ќе се сослушаат осомничените.

Please follow and like us:

You May Also Like