Австралијанецот Брентон Тарант се појави во судницата во основниот суд во Крајстчерч насмеан и со лисици на рацете

Австралијанецот Брентон Тарант се појави во судницата во основниот суд во Крајстчерч насмеан и со лисици на рацете. Пред медиумите , со десната рака го покажа знакот на белите супрематисти. Против него е покренато обвинение за убиство , а судијата му одреди мерка притвор.

Се очекува обвинението да се прошири кога за петнаесетина дена Тарант ке се појави пред високиот суд во Нов Зеланд. Неговиот адвокат не достави барање за кауција, ниту пак побара заштита на неговата приватност. Сепак судијата нареди замаглување на снимките од судницата, за да се обезбеди, како што кажа, фер судење.

Пред судот имаше и инцидент, кога маж со нож се обиде да го нападне обвинетиот при влегувањето во зградата. Во мегувреме во јавноста почнаа да излегуваат детали од животот на Тарант , кој вчера во две џамии уби 49 луге, а рани десетици. Масовниот убиец последните години патувал низ целиот свет, а престојувал и во Србија, Хрватска БИХ, Црна Гора и Бугарија.

Бугарските истражни органи потврдија дека тој минатат година престојувал во нивната земја, но само како турист. 28 годишниот Австралијанец бил опседнат со балканските војсководци кои се бореле против османлиската империја. Патувал и низ европските градови, но и во азијските земји. Во манифестот кој го објавил на твитер пред масакрот, објаснува дека неговата борба е насочена против мигрантите кои ја заземаат Европа.

Тарант бил вработен во теретана и посветен на спортот, а петте автоматски пушки ги набавил по легален пат.

Премеирката на Нов Зеланд најави промени во законот за оружје иако силните лоби групи и друштвата на ловџии со години не дозволуваат никакви рестрикции на овој план. Таа ја посети и муслиманската верска заедница во земјата , ветувајки им заштита на верските слободи . Најголемиот број на жртви во вчерашниот напад се мигранти од Пакситан Индија, Турција, малезија, Авганистан.

Please follow and like us:

You May Also Like